|
Винарска
визба “Повардарие„
Основана во 1963 година, Винарска визба
"Повардарие" а.д. - Неготино, чија основна дејност е производство на
вино и алкохолни пијалаци е сместена во срцето на повардарскиот регион во кој
се одгледуваат најквалитетни сорти грозје. Традицијата на производство на
вино потекнува уште од времето на Александар Македонски и се задржала до ден денешен.
Почнувајќи со само 25 вработени и капацитет од 500 000 литри, 40 години подоцна
ние сме успешна компанија која вработува 129 луѓе и капацитет од 30 000 000 литри.
80% од нашето вино се извезува во наливна и флаширана состојба низ цел свет.
Драг пријателе! - вината на Повардарие се дар за тебе од Македонија. На здравје!
|