IE Warning
YOUR BROWSER IS OUT OF DATE!

This website uses the latest web technologies so it requires an up-to-date, fast browser!
Please try Firefox or Chrome!
 
 
 

Дали знаевте дека…

Дали сте знаеле дека?

 

  • Сензорите за сладок вкус се распоредени на врвот на јазикот, за кисел од страните, за горчлив на задниот дел и солениот на сите краеви на јазикот без средината.
  • Виното содржи вода 75-85%
  • Aлкохол (етанол, виши алкохоли, алифатични алкохоли)
  • Киселини (винска, лимонска, јаболчна, млечна и др) 4,5-15 г/л
  • Минерали (калиум, калциум, натриум,магнезиум, железо, манган, бакар, кобалт, цинк, флуор, јод, селен) 1,5-3,5 г/л
  • Витамини (Ц, Б1, Б2, ПП, П, пантотенска киселина, Б6, Б12, биотин)
  • Во мали количини алдехиди, танини, естри, азотни соединенија, ароматични соединенија, феноли
  • Салицилна киселина 60 мг/л

 

КРАТКИ ПРАВИЛА ЗА КОМБИНИРАЊЕ НА ХРАНА И ВИНО

 

  • Бело месо со лесно вино, црвено месо со богато вино.
  • Киселината од виното ги неутрализира маснотиите во храната и обратно.
  • Слабо засладени вина можат да бидат вистинско задоволство наместо благи безалкохолни пијалоци.
  • Никогаш не комбинирајте вино со храна која е послатка од него.
  • Пред се, пијте вино за да уживате во него и во пријателите кои ве опкружуваат. Пијте вино што го сакате со храна во која уживате, но никогаш не се плашите и да експриментирате.

 ВИНОТО И ЗДРАВЈЕТО

 

  • Хипократ околу 450 година п.н.е. препорачувал вино како лек за разни тегоби.
  • Виното е природен седатив и кој ја намалува на амксиозноста и напнатоста. Му дава на организмот енергија, помага во варењето и го стимулира апетитот.
  • Умереното консумирањето вино е благотворно за срцето и крвните садови.
  • Редовно но умерено пиење црвено виноможе превентивно да дејствува и кај некои типови на рак.
  • Постојат клинички и статистички докази дека Ресвератролот и кверцетинот кои се состојки на грозјето и виното, можат да го подобрат имунитетот, да го спречат развојот на клетките на ракот и настанувањето на срцеви заболувања.
  • Умерено пиење на вино поволно дејствува кај Паркинсоновата и , Алцхајмероватаболест.
  • Повеќе студии во светот тврдат дека здравите луѓе кои редовно и умерено пијат вино живеат подолго.

COMMENTS

There aren't any comments yet.