English

 

 

 

   Регион

   Профил

   Производен асортиман

   Награди и признанија

   Спонзорства

   Дистрибутерска мрежа

   Контакт

 

 

 

 

За нас

Традиција
Производствен процес

Производствен процес

Во процесот на производство на виното ангажирани сме од поставување на калемите во лозјето, преку откупот, приемот, ферментацијата и одгледувањето на виното, па се до полнењето и дистрибуцијата.
Производствениот процес е посветен на извлекување на максимумот од сите ресурси за производство на квалитетни ефекти олицетворени во виното и жестоките пијалаци кои им ги ставаме на располагање на нашите ценети потрошувачи.
По извршениот квантитативен и квалитативен прием грозјето се истура во гроздомелачките.

Со посебна апаратура гроздовите бобинки претходно се одделуваат од дрвцето, а потоа се префрлуваат во одделение за пресување. На тој начин добиваме дериват на грозјето во форма која овозможува префрлување во танкови. Откако ќе заврши алкохолна, бурна и тивка ферментација, виното е сi уште неоформено за да биде пивко на начин кој ќе претставува синоним за квалитет на вината на "Повардарие". Трансформацијата на виното ја продолжуваме преку неговото дополнително одгледување што подразбира преточување, долевање, филтрирање, бистрење, стабилизирање, чување и други дејства.
ВВ "Повардарие" располага со најсовремени цистерни за чување и ферментација на виното. Тие се направени од квалитетни инокс-материјали, отпорни на винските киселини однатре и атмосферските влијанија однадвор. По потреба во нив може да се регулира температурата и да се спроведе контролирана ферментација. Металните садови најчесто се користат за одгледување на виното, што подразбира филтрирање, разладување, бистрење, преточување, одржување на оптимално ниво на кислород и купажирање.
Во таканаречените стабилизатори вршиме ладење на виното до пред замрзнување, со што слегнува и се отстранува сиот непотребен талог.

Комплексните хемиски и биолошки промени кои се одвиваат во ширата се нарекува алкохолна ферментација. Како последица на стоење на поволна температура и резултат на дејствувањето на винскиот квасец, односно ферментите кои ги лачи, слатката шира преминува во алкохолен пијалак, разложувајќи се на етилалкохол и јаглерод диоксид.
Виното како готов производ можеме да ви го ставиме на располагање во шишиња (големо и мало), во боксови или во цистерни како наливно вино.
Нашите потрошувачи најчесто се во контакт со стаклената варијанта на амбалажата. Во зависност од ситуацијата за која е наменето, виното се полни во шишиња со различни димензии, форми и бои.

Во тој поглед влијание имаат и видот на виното и марката. Самото полнење се врши на подвижна лента со автоматски цилиндричен разлевач.
Она по што нашата визба е единствена е локацијата во однос на транспортните рути. Визбата е во непосредна близина на автопатот и железничката линија.

 
  

Спонзорирано од Министерство за Економија на Република Македонија
Copyright © 1993-2003 EIN-SOF. All RightReserved