|
Традиција

Почнувајќи од
1998 година, ја возобновивме вековната традиција на прославување
на 14 февруари - св. Трипун заштитник на лозарите или Трипун пијаницата.

Секоја година на овој датум Винарска Визба "Повардарие"
организира закројување на лозјата во присуство на свештени лица
и гости од целата Република. По закројување на лозите се преоѓа
на градскиот плоштад каде што отпочнува општонародна веселба на
која се точи вино и ракија од дабови буриња, сето тоа проследено
со културно-уметничка програма која трае до доцните вечерни часови.
Под покровителство на Винарска Визба "Повардарие" од редовите
на свои кооперанти избираме: најдобар лозар за минатогодишната реколта,
најдобар млад лозар, најстар лозар, кои симболично ги наградуваме.
Во рамките на прославата се организира и ликовна колонија на младите
уметници на тема лозје и грозје, која исто така е наградна, а сите
дела потоа се во сопственост на Винарска Визба "Повардарие".
Би сакале и се трудиме оваа манифестација во иднина да биде една
од поголемите во Македонија, со која Неготино и Винарска Визба "Повардарие"
ќе се препознаваат насекаде.
|