КОИ СМЕ
Винарската визба Повардарие од Неготино е најголемиот производител на вино во Македонија и фирма која веќе 50 години успешно одговара на потребите и барањата на различни пазари.
Од 2008 год, ВВ Повардарие е 100% сопственост на Вино Жупа од Александровац – Република Србија, компанија со долгогодишна традиција во производство на храна и пијалоци.Винарската визба Повардарие од Неготино е најголемиот производител на вино во Македонија и фирма која веќе 50 години успешно одговара на потребите и барањата на различни пазари. Во својот состав има производен капацитет од 30 милиони литри вино и дистилерија за производство на жестоки пијалоци со капацитет на производство од 5000-10000 литри дестилат за 24 часа.
Повеќе од 80% од нашето производство е наменето за извоз, се продава како наливно и флаширано вино во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Германија, Латвија …
Умешноста за правење вино на тимот технолози во ВВ Повардарие, техниката и технологија која се користи како и климатските и почвените услови прават нашите вина да бидат препознатливи секаде во светот.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Да произведуваме значителни количини на карактеристични традиционални вина од Македонија и постојано да го подобруваме квалитетот и дизајнот на нашите производи.
Да им овозможиме на што поголем број на потрошувачи во Регионот и Европа да уживаат во квалитетното и секому достапно традиционално Македонско вино.
ВРЕДНОСТИ
Традиција, квалитет, професионалност и достапност.
-
ВРЕДНОСТИ во кои веруваме
-
Професионалност и квалитет
-
Традиција
-
Достапност