IE Warning
YOUR BROWSER IS OUT OF DATE!

This website uses the latest web technologies so it requires an up-to-date, fast browser!
Please try Firefox or Chrome!
 
 
 

certificateISO 22000

 

 

Винарска Визба ПОВАРДАРИЕ АД Неготино

ПОЛИТИКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА   

         

Ние, фирмата Винарска Визба ПОВАРДАРИЕ АД Неготино, потврдуваме дека откупуваме винско грозје и произведуваме бело и црвено вино и жестоки пијалоци за кои гарантираме дека се безбедни за намена.

Нашите клучни принципи за безбедност се:

 

Нашите производи се произведуваат и дистрибуираат во согласност со законската регулатива на Република Македонија.

Создаваме коректни односи со добавувачите на потребните суровини, како и репроматеријали, заради исполнување на барањата во однос на квалитетот на вината на ПОВАРДАРИЕ АД Неготино.

Kвалитетот и компетентноста постојано се подобруваат во согласност со барањата на потрошувачите, бизнис партнерите и вработените.

Сите вработени ги разбираат нашите правила за безбедност на нашиот производ и имаат сопствена одговорност со цел обезбедување на сигурност дека тие правила се применуваат.

Квалитетот е видлив, а нашето место за работа е добро организирано.

 

Нашата компанија воспоставува, документира и споредува систем за управување со ISO 22000:2500 со цел да се осигура дека сите потенцијални опасности во рамките на системот се идентификувани и истите опасности ќе се контролираат на таков начин што нема да се дозволи производите од нашата компанија да го загрозат потрошувачот.