IE Warning
YOUR BROWSER IS OUT OF DATE!

This website uses the latest web technologies so it requires an up-to-date, fast browser!
Please try Firefox or Chrome!
 
 
 

 

132

Историја

 

ВВ Повардарие е долгогодишна компанија за производство на вино и алкохолни пијалоци.

Започнала со работа во 1963 година со само 25 вработени и капацитет од 2.000.000 литри. Во 1968 година капацитетот е надграден со уште 4 милиони литри. Во 1972 се изградени бетонски цистерни со зафатнина од дополнителни 2 милиона литри. Капацитетот е дополнително проширен за уште 5.300.000 литри со метални цистерни во 1976 год.и набавен е муљач од Франција со капацитет од 50.000 кг на час. Во 1981 се инсталирани нови инокс цистерни со зафатнина од 5.250.000 литри и обновено е со нови машини одделението за прием и преработка на грозјето. 1982 се додадени инокс цистерни со зафатнина од 4,5 милиони литри. Во 1983 е изградено специјално одделение за производство на црвено вино со уште 1.300.000 литри и започната е изградбата на одделението за финализација. Во 1985 год е пуштено во употреба одделението за финализација – флашара. Денешниот изглед и капацитет на дистилеријата е финализиран во 1987. Во 1989 е комплетно опремено едно одделение за контролирана ферментација со капацитет од 1.500.000 литри. Се до 1990 година во состав на ЗИК Повардарие беше и Кралската визба од Демир Капија, кога доаѓа до издвојување на оваа визба како посебен правен субјект. 1996 се доградени уште 6 ферментори за ферментација на црвено вино со капацитет од 600.000 литри. Во 2012 год. е поставена линија за производство на стопирана шира која понатаму се користи за производство на гроздов мед и гроздов концентрат.

Интересен податок е дека 1983 година беше најродна во историјата на постоењето на ВВ Повардарие со 38 милиони килограми преработено грозје.

Во 1995 година со програмата Македонија Повардарие за првпат со значителна количина флаширано вино излегува на пазарот во Велика Британија.

Кон крајот на 2008 година компанијата ја презема АД Вино Жупа – Александровац од Република Србија со што започнува нова ера во работењето на ВВ Повадарие. Инвестициите во производниот процес придонесуваат Повардарие да прерасне во најголем производител на вино во Р. Македонија, но и производител на гроздов и јаболков концентрат.


ТРАДИЦИЈА

Регионот во кој е сместена ВВ Повардарие е препознатлив по одличниот квалитет на грозјето и квалитетните вина кои се произведуваат тука од прастари времиња. Овој регион како да бил создаден за одгледување на лозја а доказ за тоа се бројни археолошки ископини кои зборуваат за лозарското и винарското минато на овој крај.. Традицијата на производство на вино во регионот потекнува уште од времето на Александар Македонски и се задржала до ден денешен. Сместена на крстопатот на цивилизациите помеѓу Исток и запад, Република Македонија имала многубројни влијанија кои директно се одразувале на лозарството и производството на вино. Турското влијание во времето на Отоманската империја го продолжува производството на грозје, започнато уште во времето на Римјаните

 

 




2
1