IE Warning
YOUR BROWSER IS OUT OF DATE!

This website uses the latest web technologies so it requires an up-to-date, fast browser!
Please try Firefox or Chrome!
 
 
 

 

 

map

 

КЛИМА

 

Климата и почвата во регионот се идеални за одгледување на грозје и развој на винарската индустрија особено во Тиквешкото виногорје каде се судираат влијанијата на Континенталната и Медитеранската клима. Неколку интересни бројки поврзани со климата:

  • Бројот на сончеви денови во годината е 260,

  • Средната годишна температура е 13,6 степени °C,

  • Сончевиот период достигнува до 2.426 часови,

  • Температурите во лето достигнуваат и над 40 степени °C.

  • Тиквешкото виногорје е најсувата област на Балканскиот полуостров.

 

Мешаното влијание на континенталната и медитеранската клима со топли денови и поладни ноќи, во комбинација со тероар богат со карбонати и минерали и малиот процент на врнежи, придонесува за концентрација на киселините и шеќерите кои даваат раскошна боја и интензивна арома на вината.

 

ЛОЗЈА

 

ВВ Повардарие нема сопствени лозови насади и главно суровината ја користи од индивидуалните производители – лозари, долгогодишни наши кооперанти.

Македонија има површини под лозови насади околу 24.000 ха. Најзастапен почвен тип е алувијалната еродирана карбонатна почва, а потоа следи поплавениот алувиум, смолниците, еродираните и деградирани смолници.

Во Македонија се произведуваат околу 245.000 тони грозје еднакво на 220 милиони литри вино. Македонија консумира околу 10 милиони литри годишно или околу 5%.

Производството на грозје и вино учествува со 17-20% во бруто домашниот производ а виното е второрангиран извозен производ после тутунот.

 

СОРТИ

 

Овој регион е совршен за одгледување на Мерло, Каберне Совињон, Вранец и Црн Бургундец, од црвените, како и Шардоне, Жилавка, Смедеревка, Траминец, Ризлинг, Совињон Бланк и други бели сорти на грозје. Од автохтони сорти Македонија ја има Станушината.

Најраспространети сорти на винско грозје во Македонија се Смедеревката од белите и Вранецот од црните сорти.

Смедеревката е автохтона балканска сорта и е најзастапена бела сорта во Македонија. Од оваа сорта се добиваат пивки, освежителни и хармонични вина со специфичен сортен вкус и мирис и зеленкасто-жолта боја.

2008

Вранецот е најпозната и најраспространета од црвените сорти грозје во Македонија и сочинува 80% од црвените сорти. Сортата е автохтона црногорска од која се добиваат вина со темнорубин-црвена боја, карактеристичен измешан аромат на суви сливи, капини и рибизли, полно тело со меки танини и уникатно долг финиш.

vranec 1