IE Warning
YOUR BROWSER IS OUT OF DATE!

This website uses the latest web technologies so it requires an up-to-date, fast browser!
Please try Firefox or Chrome!
 
 
 

Wine Tasting

СОВЕТИ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА

 

За правилна дегустација на вино потребни ви се:

 

просторија без мирис и добро осветлување

чаша без мирис, со форма за дегустација

бела позадина – бела хартија, бела маса или чаршав

празен сад за исплукување на виното

вода, леб, крекери

фрижидер за ладење на белите вина

 

 

ЧЕКОРИ ВО ДЕГУСТАЦИЈАТА

Најпрво се гледа бојата на виното на светла позадина, поставувајќи ја чашата под агол од 45 степени. Бојата треба да биде проѕирна, без заматеност и боја на оксидација.

Вртење на виното со кое тоа прима воздух и ги ослободува своите ароми.

По вртењето на виното, длабоко и полека се вдишува, за да се препознаат разните комбинации на мирис.

Се зема голема голтка од виното, се задржува во устата и се анализира.

Устата се плакне со виното за да допре до сите сензорни места на јазикот.

На крај виното се плука или голта. Ние препорачуваме пиење J.


НЕКОИ ФАКТИ ЗА ВИНОТО

 

Дали сте знаеле дека?

Сензорите за сладок вкус се распоредени на врвот на јазикот, за кисел од страните, за горчлив на задниот дел и солениот на сите краеви на јазикот без средината.

Виното содржи вода 75-85%

Aлкохол (етанол, виши алкохоли, алифатични алкохоли)

Киселини (винска, лимонска, јаболчна, млечна и др) 4,5-15 г/л

Минерали (калиум, калциум, натриум, магнезиум, железо, манган, бакар, кобалт, цинк, флуор, јод, селен) 1,5-3,5 г/л

Витамини (Ц, Б1, Б2, ПП, П, пантотенска киселина, Б6, Б12, биотин)

Во мали количини алдехиди, танини, естри, азотни соединенија, ароматични соединенија, феноли

 

Салицилна киселина 60 мг/л

food and wine

 

 

КРАТКИ ПРАВИЛА ЗА КОМБИНИРАЊЕ НА ХРАНА И ВИНО

 

Бело месо со лесно вино, црвено месо со богато вино.

Киселината од виното ги неутрализира маснотиите во храната и обратно.

Слабо засладени вина можат да бидат вистинско задоволство наместо благи безалкохолни пијалоци.

Никогаш не комбинирајте вино со храна која е послатка од него.

Пред се, пијте вино за да уживате во него и во пријателите кои ве опкружуваат. Пијте вино што го сакате со храна во која уживате, но никогаш не се плашите и да експериментирате.

 ВИНОТО И ЗДРАВЈЕТО

 

Хипократ околу 450 година п.н.е. препорачувал вино како лек за разни тегоби.

Виното е природен седатив и кој ја намалува на анксиозноста и напнатоста. Му дава на организмот енергија, помага во варењето и го стимулира апетитот.

Умереното консумирањето вино е благотворно за срцето и крвните садови.

Редовно но умерено пиење црвено вино може превентивно да дејствува и кај некои типови на рак.

Постојат клинички и статистички докази дека Ресвератролот и кверцетинот кои се состојки на грозјето и виното, можат да го подобрат имунитетот, да го спречат развојот на клетките на ракот и настанувањето на срцеви заболувања.

Умерено пиење на вино поволно дејствува кај Паркинсоновата и  Алцхајмеровата болест.

Повеќе студии во светот тврдат дека здравите луѓе кои редовно и умерено пијат вино живеат подолго.